Темен режим Режим на светлина

Измамник сакал да наплати еден милион денари од осигурителна компанија за измислена сообраќајка

Работниците со повисоки примања, минималната плата порасна за 1.667 денари Работниците со повисоки примања, минималната плата порасна за 1.667 денари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава против В.Р.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” казниво по Кривичниот законик.

Тој во текот на јули 2019 година пријавениот се обидел да ги доведе во заблуда одговорните лица во осигурителна компанија во Скопје.

Тој во својство на осигуреник/договарач на полиса за каско осигурување на неговото патничко возило „ауди а4“, поднел барање за надомест на штета од наводна сообраќајна несреќа со возилото, која, според неговото тврдење, се случила на територијата на Република Албанија во истиот месец и во прилог на барањето приложил документација со изјава наводно издадена од овластени лица од МВР на Република Албанија.

По преземени мерки било утврдено дека на наведениот ден нема заведена сообраќајна несреќа во Република Албанија и на тој начин пријавениот се обидел да ги доведе во заблуда одговорните лица во осигурителната компанија да му исплатат надомест на штета во износ од 924.423 денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

За 20 години Скопје станало побогато за 50.105 станови

Следна објава

Судијата Нанев под лупа поради патувањето во Палермо