Единаесет возачи биле пијани, 54 возеле пребрзо…

Единаесет лица возеле под дејство на алкохор и се казнети од страна на полицијата при вчерашните контроли на скопското подрачје, МВР денеска соопшти дека на територија на град Скопје изречени се вкупно 159 мерки.

-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 54 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, 11 мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се и 12 мерки за користење мобилен телефон, 54 за непрописно паркирање…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од полицијата.

 

Претходна вестОблачно со повремен дожд и слаб ветер
Следна вестДенеска прекин на огнот во Мариупол, за утре најавени нови преговори