Денеска прекин на огнот во Мариупол, за утре најавени нови преговори

Локален прекин на огнот во опколениот украински град Мариупол за денеска најавија руските воени сили. Руското Министерство за одбрана соопшти дека прекинот е со цел да се евакуираат цивили од заволуваниот град. Оваа мерка треба да овозможи отворање на хуманитарен коридор до украинскиот град Запорожје.

-За да успее хуманитарната операција, предлагаме таа да биде спроведена со дикректно учество на претставници од Високиот комесаријат на ОН за бегалци и од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, додадоа од руското министерство.

Од друга страна, украинските претставници најавија дека Русија и Украина ќе ги продолжат мировните преговори по пат на интернет на 1 април.

Украинскиот преговарач, Давид Аракхамиа, соопшти оти Украина предложила да се сретнат челниците на овие две земји, но дека Русија одговорила оти е потребно уште да се работи на нацрт-договорот.

Официјален Кремљ во средата оцени дека немало „напредок“ во преговорите меѓу завојуваните страни во Истанбул. Оваа оценка следеше по пораната и пооптимистична изјава на главниот руски преговарач, Владимир Медински, кој рече дека Киев покажал волја да ги прифати главните руски барања, вклучувајќи го откажувањето за членство во НАТО, но со забелешка оти ставот на Москва за Донбас и за Крим останува непроменет.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рано утрината во видео обраќање изјави дека мировните преговори меѓу Украина и Русија ќе продолжат „но, тоа засега тоа се само на зборови, ништо конкретно“. Зеленски рече дека „наводното повлекување“ на руските војници од Киев и Чернихив не е повлекување, туку резултат на работата на украинската армија.

– Има други зборови за наводното повлекување на руските трупи од Киев и Чернихив и намалувањето на активностите на окупаторите во тие области. Ова не е повлекување, ова е резултат на работата на нашите бранители кои ги вратија назад, рече тој.

Зеленски додаде дека руските војници се концентрирани во регионот на Донбас и се подготвуваат за нови напади. Тој исто така рече дека Украинците се „подготвени за ова“.

 

Претходна вестЕдинаесет возачи биле пијани, 54 возеле пребрзо…
Следна вестДобро е – се сетија на оштетениот споменик, ќе им текне ли и на фонтаната?