Средношколците бараат секој превоз да биде бесплатен за нив и настава иако ќе има штрајк

Сојузот на средношколци подготви закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование со кои ќе се воведе правилен превоз за сите средношколци на територија на целата држава. Со нашиов предлог сите средношколци ќе го добијат правото на бесплатен автобуски и железнички превоз во сите региони во текот на целата календарска година, истакна претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, на денешната прес-конференција.

– Моменталната состојба е поразителна: сите се сеќаваме на случајот во Радовиш каде 66 средношколци две недели немаа превоз до училиште. Самиот систем е дискриминирачки – средношколците кои живеат на растојание помало од 2,5 километри од нивното училиште како и тие во приватните училишта немаат право на бесплатен превоз. Тие кои го имаат, пак, го губат правото за време на распустот што се намалува нивната мобилност, нагласи Павиќевиќ.

Тој додаде дека оствариле и средба со градоначалничката на Скопје и оти нивните идеи наишле на поддршка и разбирање. Начелно договориле и состанок со Управниот одбор на ЗЕЛС.

Павиќевиќ информираше дека подготвиле и предлог-закон со кој ќе се гарантирааат ученички совети во секое училиште, нивна независност од другите органи на училишната управа и демократски и непосредни избори за претседателите на ученичките совети.

На новинарско прашање во врска со нивниот став за протестот на СОНК, од Сојузот иако велат дека не сакаат да коментираат, од одговорот може да се насети дека се против.

– Не би сакале да го коментраме најавениот штајк на СОНК, меѓутоа мора да кажеме дека правото на образование е уставно загарантирано. Државата како знае и умее мора да го обезбеди за сите ученици, без прекин. На пример кога учениците штрајкуваат професорите им пишуваат неоправдани и честопати се осудува бојкотот од страна на учениците, така што прашањето е кој ќе им пишува сега неоправдани на професорите? Треба да се поттикнува солидарноста меѓу сите учесници во образовниот процес. Поквалитетен образовен систем е во интерес на сите, истакна Павиќевиќ.

Претходна вестГас има до крај на април, за после ќе видиме
Следна вестНовковска: На никој не му е чудно што по обработката пораснал бројот на домаќинствата за повеќе од 30.000!