СДСМ: Арсовска спротивно на законoт поставилa Генерален секретар на Град Скопје

Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го именувале за секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски, актуелен советник во општина Чаир од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ.

„Ова освен што е неетички, туку е и спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Надлежните ограни се веќе известени и овој случај мора да има разрешница“, реагираат од партијата.

Според СДСМ, Арсовска одново докажува дека освен груба партизација на Град Скопје ништо друго и не прави.

„Одамна е јасно дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје“, се наведува во реакцијата.

Претходна вестПред казино на плоштадот „Македонија“ уапсен жител на Батинци кој носел пиштол
Следна вестМВР: 198 санкции за прекршоци што ги прават пешаците