Темен режим Режим на светлина

Пред казино на плоштадот „Македонија“ уапсен жител на Батинци кој носел пиштол

Инцидент во Скопје: Малолетник нападнат, испукан истрел кон него Инцидент во Скопје: Малолетник нападнат, испукан истрел кон него

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера (20. мај) околу 19.15 часот пред казино на плоштадот „Македонија“ го лишиле од слобода А.И. (20) од скопско Батинци.

Како што информираат од МВР, при преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол марка „ZORAKI M 906 T“ и рамка со шест куршуми калибар 7,65 милиметри.

Дваесетгодишникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Кој ќе ги дообразува или очисти партиските дилетанти...

Следна објава

СДСМ: Арсовска спротивно на законoт поставилa Генерален секретар на Град Скопје