Темен режим Режим на светлина

Пукање во Драчево

На 20.05.2022 во 08.25 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на ул.„Малешевска“, К.В.(67) од Скопје испукал два куршуми од пиштол и повредил куче, сопственост на негов сосед, кое било во неговиот двор, информира МВР.

Според пријавеното, претходно К.В. пријавил дека неговиот сосед ги чува кучињата без надзор.

Полициски службеници излегле на местото и од К.В. бил одземен пиштолот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

СЗО: Досега потврдени 80 случаи на мајмунска сипаница

Следна објава
Инцидент во Скопје: Малолетник нападнат, испукан истрел кон него

Со пиштол го застрелал кучето на соседот