На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои и 30 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, соопшти денеска МВР за вчерашните полициски контроли на скопските сообраќајници.
За возење повеќе од дозволената брзина имало 23 санкции и 14 мерки за возење без возачка дозвола.
-Изречени се 10 мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, 14 санкции за возење без возачка дозвола, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за возење под дејство на алкохол…, се наведува во информацијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, укажуваат од МВР.