Во Скопје се вози пребрзо. Со цел да се скротат брзите возачи се поставија на повеќе места низ градот „легнати полицајци“. Ги има особено пред училиштата, градинките и други прометни места.
И добар дел од скопските возачи успоруваат пред „легнатите полицајци“ за да не си испокршат колите, арно ама има еден дел и за оваа препрека си најдоа чаре. Ги заобиколуваат.
Некои возачи прават вистински слаломи само за да ги одбегнат овие пречки. За таа цел дури и се поминува на спротивната лента со што се загрозува и сопствената безбедноста и на оние возачи кои идат од другата страна.
Примерот за тоа забележавме утринава и на фреквентната улица „Димо Хаџи Димов“ во скопската општина Кисела Вода. Еден од возачите забрзано прејде на спротивната лента и покрај тоа што имаше полна линија и што од спротивната страна одеше товарно возило… За среќа, не се случи сообраќајна незгода.
-Видовте ли како ризикуваат живот само за да не подзастанат? Од такви возачи страдаат луѓе по улиците, беше коментарот на една постара жена очевидец на настанот.
Вакви примери се секојдневни на местата каде има „легнати полицајци“. Очигледно е дека мора покрај нив треба шесто да има и стоечки полицајци.
Во МВР да не мислат дека лежечките полицајци можат да станат и казни да пишуваат?