Синоќешниот пожар во Акционерското друштво за изградба и стопаниување со станбен и деловен простор е предизвикан од електричен кабел, соопшти денеска ова Акционерско друштво.
Пожарот зафати зафати една од бараките на ова претпријатие кое гради социјални згради и менаџира со градскиот стадион и неколку катни гаражи.
Огнот кој избувнал во еден од објектите кои се наоѓаат во самиот центар на главниот град предизвикал незначителна штета од електричен кабел, но поголеми последици биле спречени благодарение на брзата реакција на службите.
-Во текот на ноќта на локацијата на која е сместено Акционерското друштво за изградба и стопаниување со станбен и деловен простор од значење на Републиката настана пожар при што е причинета незначителна штета предизвикана од електричен кабел. Истиот е локализиран и избегната поголема материјална штета. Голема благодарност за брзата интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, МВР како и екипите на ЕВН!, гласи реакцијата на акционерското друштво во државна сопственост.