Европска комисија препорача кандидатски статус за Украина и Молдавија

Препорака Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус за членство во Европската унија донела денеска Европската комисија. Од Грузија е побарано да исполни одредени услови пред да го добие тој статус.

-Европската комисија предлага Украина да добие статус на кандидат за членство во ЕУ, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

Таа нагласи дека тоа значи дека Украина спроведува реформи и дека јасно го покажала стремежот и решеноста на земјата да живее во согласност со европските вредности и стандарди.

-Имаме една јасна порака, а тоа е дека Украина заслужува европска перспектива, Украина треба да добие кандидатски статус. Сепак, многу важна работа мора да се заврши, земјата мора да продолжи со реформите. Целиот процес е заснован на заслуги и целиот напредок зависи исклучиво од Украина. Сè е во нејзини раце, изјави Фон дер Лајен.

Препораката е само прв чекор на долгиот пат кон полноправното членство во ЕУ. Таа прво треба да биде прифатена од 27-те членки на блокот, за што ќе се расправа на самитот што ќе се одржи на 23/24 јуни.

-Молдавија е на вистински прореформски, антикорупциски и европски пат. Грузија мора да пронајде политичко единство и да дизајнира јасен пат кон структуралните реформи и ЕУ, појасни Фон дер Лајен.

Претходна вестВо делчевско пронајдено безживотно тело на 81-годишник
Следна вестПесна на Евровизија 2023 нема да се одржи во Украина, се преговара со Велика Британија