Нови 72 случаи на корона вирус од 772 тестирани лица

Од направените 772 тестови за Ковид-19 во Македонија се регистрирани 72 нови случаи, И тоа  во Скопје – 40, Охрид – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кавадарци, Струмица и Кичево – по 3, Битола – 2, Прилеп, Велес, Гостивар и Кочани – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (72), регистрирани се 8 реинфекции. Регистрирани сe 35 оздравени пациенти од: Скопје – 25, Тетово и Кочани – по 2, Куманово, Кавадарци, Кичево, Битола, Крива Паланка и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје на 75-годишна возраст. Двете лица се починати во болнички услови. Лицата се починати во период од 05.06. до 09.06.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.070.199 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.879, бројот на оздравени пациенти е 303.163, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 394.

Претходна вестАкадемик Коцарев: 4 сценарија за иднината на Македонија
Следна вестДизелот од полноќ поскапува за два денари