Санирано е оштетувањето на мостот во Драчево, соошти денеска ЈП „Улици и патишта“.
Оттаму додаваат дека санацијата е извршена за помалку од 24 часа.
-Во текот на изминатиот ден екипите на ЈП „Улици и патишта“ интензивно работеа на санирање на оштетувањето што од неодамна се појави на мостот на Маркова Река во Драчево. Градежните работи и асфалтирањето беа извршени во најкус можен рок и мостот денес од 13 часот е биде пуштен во употреба, соопши ова градско јавно претпријатие.