Од утре забрана за движење во шуми од 6 до 20 часот, казна и до 2.000 евра

Забрана за движење во шуми во периодот од 6 до 20 часот од утре стапува на сила, соопшти ЈП „Национални шуми“. Мерката се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.

– Делумната забрана за движење во шума ќе стапи на сила од 24.06.2022 година и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појавана шумски пожари, односно до нејзиното отповикување, се наведува во соопштението на „Национални шуми“.

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат.

-За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност, се наведува во соопштението.

Претходна вестПодновена хоризонтална сигнализација на скопските улици и булевари
Следна вестПавле Трајанов: Министрите за надворешни работи и за европски прашања да поднесат оставка