Во последното деноноќие направени се 777 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи на Ковид -19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 52, Охрид – 13, Битола, Кавадарци и Штип – по 4, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кочани и Ресен – по 2, Велес, Гостивар, Струмица, Берово и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (93), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 4, Куманово и Кавадарци – по 3, Битола, Прилеп, Велес и Кичево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.252, бројот на оздравени пациенти е 303.410, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 520.