Ковачевски: Францускиот предлог во ваква форма не е прифатлив за мене, за институциите и за граѓаните

Францускиот предлог, каков што е во моментот е неприфатлив за македонската страна, за мене, за институциите и граѓаните на Македонија, изјави денеска македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Тој се обрати на заедничката прес-конфернеција со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама во Брисел каде се одржува Самитот ЕУ –Западен Балкан.

-Предлогот во ваква форма е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за владата, за коалициските партнери, за институциите и за граѓаните на РСМ. Да порачам дека граѓаните на РСМ треба да се спокојни. Ние секогаш ги имаме во прв план стратешките интереси и цели на државата. Никој не може без наша согласност да наметне какво било решение. Доколку во текот на француското претседателство се постигне разбирање за нашите позиции, ние сме подготвени да се вклучиме во разговори за истите за да се започнат пристапните преговори до крајот на јуни, дециден е Ковачевски.

Ковачевски упати благодарност до францускиот претседател Емануел Макрон за ангажманот. Тој рече дека во текот на работата со францускиот претседателство од наша страна биле соопштени нашите позиции и црвени линии.

-Би сакал уште еднаш да потврдам дека предлог кој би бил прифатлив треба да ги гарантира клучните елементи: чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет. Историските прашања не можат да бидат критериум во преговарачката рамка, преговорите помеѓу С. Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставни измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот. Цврсти гаранции и од Бугарија и од ЕУ дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија. Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија, рече Ковачевски.

Тој воедно додаде дека Македонија е кандидат 17 години. „Еве сме тука денес, а преговоротие не се започнати. Ова е сериозен проблем и сериозен удар врз ЕУ. Ние и Албанија и регионот не смееме да тапкаме во место поради една земја членка која не успеава да се координира и да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат“, истакна македонскиот премиер.

Претходна вестВархеји ништо не кажа за македонските грижи, a за бугарските…
Следна вестНови 93 заразени со Kовид-19, нема починати