Нови 93 заразени со Kовид-19, нема починати

Во последното деноноќие направени се 777 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи на Ковид -19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 52, Охрид – 13, Битола, Кавадарци и Штип – по 4, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кочани и Ресен – по 2, Велес, Гостивар, Струмица, Берово и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (93), регистрирани се 20 реинфекции.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 4, Куманово и Кавадарци – по 3, Битола, Прилеп, Велес и Кичево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.252, бројот на оздравени пациенти е 303.410, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 520.

Претходна вестКовачевски: Францускиот предлог во ваква форма не е прифатлив за мене, за институциите и за граѓаните
Следна вестВучиќ: Денеска во Брисел уште еднаш ништо не се случи