Со финалното асфалтирање на пешачката патека на улицата „Љубљанска“ на потегот пред „Сити Мол“, заврши реконструкцијата на патеката во насока од „булеварот Илинден“ кон булеварот „Партизански одреди“, соопшти ЈП „Улици и патишта. Работите се изведени на вкупна површина од 1.000 квадратни метри.
Ова градско претпријатие информира дека со реализацијата на овие градежни активности, пешачката патека на улицата „Љубљанска“ е целосно реконструирана од двете страни, на вкупна површина од 2.300 квадратни метри. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во претходниот период целосно ја реконструираа и пешачката патека на улицата „Љубљанска“ во правец од булеварот „Партизански одреди“ кон булеварот „Илинден“, на вкупна површина од 1.300 квадратни метри.
-Со цел зголемување на безбедноста за пешаците и спречување на непрописно паркирање возила, на реконструираната пешачката патека досега се поставени 94 заштитни столпчиња, а во наредниот период ќе се постават на целиот потег, се наведува во соопштението.