СДСМ: Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата, покачување од само 7,4 отсто

СДСМ денеска соопшти дека Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на електричната енергија за крајните потрошувачи за 80 отсто.

-Според одлуката на независното регулаторно тело за енергетика, за 98.8 отсто од домаќинствата цената на струјата ќе се покачи за просечно 7,4 отсто. За заштита на потрошувачите, пред се ранливите категории, домаќинствата ќе бидат поделени во четири тарифни блока зависно од тоа колку струја ќе потрошат. Најмало зголемување  од 5,5 отсто ќе имаат  од првиот блок, а најголемо ќе добијат оние од последниот блок чија потрошувачка надминува 1.050 киловати, соопшти владеачката партија.

СДСМ тврди дека покачувањето на струјата од само 7,4 отсто е „далеку пониско од лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои шират паника кај граѓаните“.

-СДСМ во време на светска економска и енергетска криза ги заштитува граѓаните од ценовни шокови и ќе продолжи да ја субвенционира електричната енергија, соопштија од СДСМ.

Претходна вест220 санкционирани возачи во Скопје, 92 за брзо возење
Следна вестВо Австралија има 111.352 Македонци, секој втор го зборува македонскиот јазик дома