220 санкционирани возачи во Скопје, 92 за брзо возење

На територија на град Скопје изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 92 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 21 мерка за возење без возачка дозвола и девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување…, наведува полицијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ удрија по народот, поскапа струја за да го покријат криминалот
Следна вестСДСМ: Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата, покачување од само 7,4 отсто