Времето денес сончево и потопло со умерена локална облачност

Во Македонија во петокот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот од земјата ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се движат од 6 до 12, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 18 и 25 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 24 степени.

Претходна вестМицкоски: Имаме консолидирано 61 пратеник но тоа нема да не повлече од идните коалициони партнери
Следна вестБез струја делови од општините Илинден и Кисела Вода