Можам да кажам дека во моментов успешно консолидиравме 61 пратеник, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека ги завршуваат разговорите со пратеници кои не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“.
Мицкоски по денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел „Мериот“ во Скопје одговори на новинарско прашање во однос на тоа дали има доволен број пратеници за формирање на влада.
Прашан од каде се тие пратеници, кажа дека не може да ги каже деталите.
-Имајќи впредвид дека состојбата е чувствителна, не можам да ги кажам деталите. Ќе ги дознаете денеска. Покрај 58 пратеници кои ги има самата коалиција, а ја чекаме одлуката Управниот суд за изборната еднициа 5 и 6, можам да кажам дека имаме консолидирано 61 пратеник. Тоа нема да не повлече од идните потенцијални коалициони партнери, рече Мицкоски.
Тој додаде дека нема за запрат ниту преговорите со другите партии за уште поголемо владејачко мнозинство.