Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40 отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Со ова, малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е В) се намалуваат за 0,50 денари за литар, додека малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1 денар за литар. Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,422 денари за килограм.
– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,860 проценти, кај дизелот за 1,390 отсто, кај екстра лесното масло за 1,407 проценти и кај мазутот има зголемување е за 0,959 отсто, наведуваат од РКЕ во соопштението.