Во среда ќе се прска против комарци на скопското подрачје

Прскање против комарците ќе се спроведе во среда во утринските часови на скопското подрачје, соопшти денеска Градот Скопје.

Ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци при што авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 06.07.2022 година (среда), во раните утрински часови.

-Терестричната дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 06.07.2022 година (среда), во текот на денот. Доколку временските услови не дозволуваат да се прска дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, се наведува во информацијата.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Претходна вестМало намалување на цените на горивата
Следна вестБројот на активни случаи на Ковид – 19 се доближува до илјада