МПЦ – ОА: Неприкосновено е зачувување на македонските национални интереси

Владата и сите останати општествено-политички фактори да се обединат и да изградат стратегија, која целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја во семејството на европските народи, соопшти денеска Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Во соопштението по денешната вонредна седница Синодот потенцира доколку во која било форма биде загрозена македонската посебност, МПЦ – ОА нема да го прифати тоа.

-Светиот Синод со загриженост посвети внимание на ситуацијата предизвикана од последниот модифициран француски предлог, како и последиците што би произлегле од истиот, и повторно упатува апел за неприкосновено зачувување на македонските национални интереси. Како Синод очекуваме Владата и сите останати општествено-политички фактори, вклучени во овој процес да се обединат и да изградат стратегија, која целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја во семејството на европските народи. Синодот ја информира јавноста, доколку во која било форма биде загрозена македонската посебност, МПЦ – ОА нема да го прифати тоа, се наведува во соопштението од САС на МПЦ – ОА.

Од САС на МПЦ – ОА, го повикуваат македонскиот народ и сите граѓаните во македонското општество на целосно обединување, притоа да ги искористат сите демократски средства за зачувување на својот опстој.

-Оние, пак, кои одлучиле преку протест да го остварат своето право, тоа да го направат достоинствено, без насилство и без уништување на јавните добра, се наведува во соопштението.

Претходна вестИ на големата жега народ протестира пред Владата
Следна вестРебалансот на буџетот помина во Комисијата за финансирање и буџет