И на големата жега народ протестира пред Владата

Незадоволството и револтот на граѓаните против францускиот предлог не запира. Веќе трети ден има големи протести пред Владата. Од денеска, за разлика од минатите три дена, голема група на граѓани се и на пладне пред Владата. Граѓаните најмногу скандираат и бараат оставки од Владата и децидно велат „НЕ“ на францускиот предлог.

-Ќе доаѓам и натаму тука, секој ден, не ми пречи ништо, ни горештина, ни жедтта. Ќе продолжам да протестирам заради децата мои и заради внуците мои, ни кажа еден протестант.

И другите ѓраѓани ни велат дека ќе останат тука се додека Владата не се откаже од прифаќање на предлогот кој ја загрижи цела Македонија.

Инаку, за вечерва, меѓу присутните луѓе се зборува дека вечерва ќе има поразличен протест на којшто ќе дојдат и други нивни пријатели и соборци.

А потврда дека такво нешто ќе има е и повикот кој е објавен денеска и во кој се наведува наведува дека тој ќе биде против „Пониживачкиот предлог за Македонија“

-Сенародниот протест против францускиот предлог ќе започне вечерва  во 19:00 пред Владата, а потоа ќе продолжи преку Министерството за надворешни работи до Собрание на Република Македонија, се наведува во повикот до граѓаните

Претходна вестСе повеќе новозаразени од Ковид-19, вчера 293 нови случаи
Следна вестМПЦ – ОА: Неприкосновено е зачувување на македонските национални интереси