Љупчо Палевски спроведен во суд да даде исказ, тврди дека има докази дека не е сторител на убиството на Вања и на Панче

Љупчо Палевски-Палчо денеска попладне е спроведен во суд, пред судија на претходна постапка, за прв пат по бегството во Турција во рамки на истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Силното полициско обезбеднување го споведуваше Палевски со наведната глава и врзан со лисици.

Присутните новинари му поставија неколку прашања: Дали тој ги сторил убиствата, дали ќе се брани со молчење.

Тој на овие прашања одговори негативно.

-Дали имате докази дека не сте сторител на убиствата на Вања и на Панче?, беше едно од прашањата на порталот Скопје1.мк

-Да, одговори кусо Палевски.

По ова новинарите прашаа какви докази има но тоа остана без одговор.

Љупчо Палевски е прво осомничен за грабнување и убиство на велешкиот фризер Панче Жежовски и малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје.

Фото: Принтскин снимка Скопје1.мк

Претходна вестУапсени четири лица во Кривогаштани, ја искршиле кафаната па го запалиле украденото возило
Следна вестОЈО ГОКК бара мерки на претпазливост за Иџет Мемети, меѓу кои и одземање на пасошот