Уапсени четири лица во Кривогаштани, ја искршиле кафаната па го запалиле украденото возило

Полицијата синоќа уапси четворица мажи кои дивееле во Кривогаштани, прилепско.

МВР соопшти дека синоќа во 23.30 часот во с. Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги привеле М.Ј.(33) од с.Крушеани, З.К.(35) од с.Кривогаштани, М.М.(55) од Прилеп и С.Л.(56) од Прилеп.

Тие се сомничат дека претходно во угостителски објект во с. Кривогаштани, сопственост на Б.Ѓ.(27) од с.Годивље, оштетиле дел од инвентарот, а подоцна запреле патничко возило „BMW” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ, со употреба на сила му го одзеле, го однеле на ул. „Илинденска“ и го запалиле.

-Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани, а повредени лица нема. Во врска со настанот, на 21.05.2024 во 03.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на 20.05.2024 околу 23.30 часот М.М. и З.К. агресивно се однесувале кон командир на Полициското одделение Кривогаштани и му упатувале закани, додека тој извршувал службени дејства. По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во полицискиот билтен.

Претходна вестДомаќинствата се повеќе штедат, за една година депозитите во банките се зголемиле за 10,4 проценти
Следна вестЉупчо Палевски спроведен во суд да даде исказ, тврди дека има докази дека не е сторител на убиството на Вања и на Панче