Протести на граѓаните против францускиот предлог за кревање на бугарското вето ќе продолжат и вечерва. Организаторите на протестите објавија најава со која граѓаните пак се повикуваат на протест со почеток во 19 часот пред зградата на Владата.
Во објавата со мотото „Ултиматум, НЕ, благодарам“ се наведува дека протестниот мерш потоа ќе продолжи пред објектот на Министерството за внатрешни работи а потоа ќе заврши пред Собранието.
На синоќешниот протест дојде до судир меѓу граѓаните и полицијата при што имаше 47 повредени полицајци, а 11 протестанти беа приведени.