Млада кумановчанка најверојатно загинала од струен удар откако по излегувањето од базен земала мобилен телефон кој се напојувал со струја. МВР вчера соопшти дека настанот се случил на приватна забава во Скопје.
-Единаест минути по полноќ во Полициската станица Бит Пазар е пријавено дека во угостителски објект на улицата „Ќурчиска” починала Љ.С.(22) од кумановско. Полициски службеници излегле на местото на настанот и е констатирано дека Љ.С. за време на приватна забава, откако излегла од базен го земала телефонот кој бил приклучен на полнач, по што паднала на земја, а во објектот снемало електрична енергија. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, информираа од МВР.