Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала облачност, а доцна попладне и во вечерните часови се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 37 степени.