На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои и 13 мерки за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
За возење повеќе од дозволената брзина имало 57 санкции и шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
-Изречени се девет санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за возач почетник…, се наведува во информацијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат.