Од ноќеска на полноќ цените на горивата се намалуваат во просек за 1.99 отсто, одлучи денеска Регулаторната Комисија за енергетика.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по 2.00 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 93.50 денари, додека ден литар 98-октански бензин ќе чини 96.00 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.50 денари и еден литар дизел гориво ќе чини 93.00 денари.
Новите цени ќе важат до следната пресметка.