Антикорупциска комисија отвори предмет за изборот на ќерката на Талат Џафери, Бесијана Џафери Беќири, која треба да биде член на Надзорен одбор во еден од трите тима на Електро стопанство на Македонија (ЕСМ), кои треба да вршат производство, дистрибуција и снабдување со толинска енергија.
Оттаму велат дека ќе испитуваат дали таа може да ја извршува доделената функцијата.
– Бидејќи законот за спречување на корупција е прецизен и кажува дека избрано или именувано лице не може да врши функција член на Управен одбор или на друг член на управување. Доколку се утврди дека ќерката на Талат Џафери е избрано или именувано лице, тогаш таа не може да врши член на УО, односно на Надзорен Одбор. Друга поврзаност, односно втор ризик е во односот со татко и. Дали лицето со кое е блиско, односно дали живеат во ист дом со татко и, треба да се испита, ќе бидат во судир доколку таа врши супервизорска или контролен надзор врз неговата работа, изјави Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК, за ТВ 24.