Електронски регистар и ортопедски помагала за слепите лица на товар на Фондот

Слепите лица ќе добиваат ортопетски помагала на товар на Фондот за здравствено осигурување, а ќе имаат и свој електронски регистар. Министерот за здравство Беким Сали на денешната средба со коалицијата „Менуваме“ ги прифатил нивните барањата.

Со ова, според Суарет Алиша од коалицијата „Менуваме“, ќе бидат опфатени околу три и пол илјади лица.

-Oртопедските помагала за деца и лица со попречен вид како што се белото стапче, мерач за притисок, мерач за шеќер и топломери за деца и возрасни ќе бидат на товар на Фондот на Министерството, а воедно ќе биде создаден и електронски регистар за деца и лица со попреченост кој ќе помогне во делот на користењето на правата на овие лица. Во соработка со Министерството за здравство и министерот преку новиот тим ќе направиме програма за да можат овие лица да ги користат своите права кои досега не можеа, изјави Алиша.

Истакна дека исто така разговарале и да нема поделба на вработени и невработени и лица кои учат и не учат, туку сите да ги користат ортопетските помагала.

Алиша се пожали од односот на министерката за труд и социјала велејќи дека ја дискриминира оваа категорија на лица.

–  Министерката не може да ги дели лицата со попреченост, сега ќе добијат возрасните а сега децата, сите имаат исти потреби. Министерката е време да седне со нас да го реши овај проблем, бидејќи навистина е горчлив, ние не се откажуваме како организација, бараме 35 проценти од просечната плата, рече тој.

Побарано е и формирање на Национална агенција за лица со попреченост, преку која ќе се знае какви лица со попречености има, и кои се нивните потреби. Алиша, исто така, најави дека најдоцна до утре ќе испратат писмо до Брисел во кое ќе се жалат, за непрофесионалниот и дискриминирачки однос на министерката Тренчевска.

Претходна вестПЕИ бара во преамбулата на Уставот да се внесе и „торбешкиот народ“
Следна вестАнтикорупциска отвори предмет за ќерката на Талат Џафери