Херојот кој беше убиен во Вејце доби мурал во Куманово

Почитта со откривањето на специјално направен мурал задутре во Куманово ќе му биде оддадена на бранителот Бобан Трајковски, кој загина во 2001 година. На пладне во  центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.

Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце. На тој ден во 17:45 часот, се случи масакрот во Вејце, кога осуммина припадници на специјалната единица „Волци“ и полицајци од посебната единица беа начекани во подмолна заседа од страна на припадници на албанската терористичка група УЧК и беа убиени а потоа зверски масакрирани и запалени.

Муралот е изработен од талентираните уметници Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид (сограѓани на Бобан). Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица „Волци“.

Претходна вестАпасиев не паѓа во духот, кажа наравоучение…
Следна вестМинистерство за финансии бара да се испита поскапувањето на полисите за осигурување на возилата