ПЕИ бара во преамбулата на Уставот да се внесе и „торбешкиот народ“

Во нацрт амандманот за промена на преамбулата да Уставот на Република Северна Македонија, да се внеси како уставна категорија, Торбеши одн. „Торбешки народ”, побара денеска ПЕИ – Партија за европска иднина. Од оваа партија, која е дел од владиното мнозинство, наведуваат дека торбешката популација во Република Северна Македонија, според своите етнички, религиозни, јазични и културни карактеристики заслужува посебност и рамноправен статус со останатите етникуми во Република Северна Македонија.

Во соопштението паријата се повикува на мултикултурната и мултиетничката реалност на Република Северна Македонија, уставно загарантираните норми, како и меѓународните документи, кои Република Северна Македонија ги потпишала а некои и ги ратификувала.

-Тргнувајќи од дефиницијата за малцинство прифатена мегународните институции, торбешката популација во Македонија ги исполнува сите предуслови за малцински статус, со сите права и обврски што произлегуваат од важечките релевантно правно политички акти вклучително и важечките акти во Република Северна Македонија. Торбешката популација во Република Северна Македонија, врз основа фактичката состојба поседува свој идентитет, што подразбира припадност на самиот себе, и тој идентитет низ историјата, во повеќе фази низ кои минало населението на овие простори не претрпела дисконтинуитет низ историското траење: Торбешите постојано биле Торбеши, било да се третирани како такви одвнатре од самите нив или однадвор од другите околу нив. Торбешката популација, без оглед нарекувана во определен амбиенти,останала таква каква што е – Торбешка, се наведува во обраќањето.

ПЕИ смета дека со досегашното невклучување на оваа попилација во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија е направена неправда спрема голем број од населението кое по бројност е на трето место во Република Северна Македонија.

-Сметаме дека со внесување на Торбешите во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, ќе се исправи оваа голема исправаа направена кон оваа голема популација и ќе се создадат и претпоставки за интегрална Република Северна Македонија, која е единствена наша држава. Демократијата и основните човекови права можат да бидат ставени на хартија и во пракса да ги нема, но никогаш нема да ги има во пракса ако не бидат запишани на хартија, нагласуваат од ПЕИ.

Претходна вестШестмина се повредени во три потешки сообраќајки вчера во Скопје
Следна вестЕлектронски регистар и ортопедски помагала за слепите лица на товар на Фондот