Медиумите со денови објавуваа дека бугарски здрженија никнуваат како печурки во Македонија, но обвинителството дури сега се одважи да соопшти дека ќе го “чешла” нивното отворање. Причината се нивните фашистички имиња: “Цар Борис 3” , “Ванчо Михајлов”…
-Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ – Охрид. Издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение, велат од обвинителството.
Охридскиот клуб бил отворен без позитивно мислење од Министерството за правда, но, Бугарите си добиле писмена дозвола од синот на Царот Борис, Симеон Саксобурготски, поранешен премиер на Бугарија, таму познат како Царот.
Од бугарските културни клубови со имиња кои директно удираат во чувствата на Македонците, најголемо внимание предизвика клубот во Битола, “Ванчо Михајлов”. Клуб кој беше отворен од целиот бугарски државен врв, предводен од премиерот Кирил Петков и тоа во поранешен дом на Евреи кои биле депортирани во логорот на смртта, Треблинка. Од обвинителството потврдуват, и битолскиот клуб е под нивна лупа.
-Од мај годинава, по поднесена кривична пријава од една политичка партија, оформен е предмет и во Основното јавно обвинителство Битола кој се однесува на регистрацијата и функционирањето на Културниот центар „Иван (Ванчо) Михајлов“, додаваат од обвинителството.