Македонската армија слави 30 години

„30 години безбедност, стабилност, доверба“ е годинешното мото по повод роденденот на Армијата на 18 август. Заради убилејното одбележување ќе се организира целовечерен концерт на стадионот на АРМ во Градски парк.

Одбележувањето започнува во 19 часот со традиционалното испукување на плутони. Ќе биде презентирана најновата и најсофистицирана опрема на Армијата вклучувајќи ги и новите оклопни транспортери JLTV Oshkosh, ќе бидат прикажани вештините на армиските специјалци, а предвидена е показна точка со армиските кучиња.

По прикажувањето на состојбата се очекува и настап на неколку наши познати музички имиња, но и танцови клубови.

Претходна вестОд денеска до петок портокалова фаза, разладување во сабота
Следна вест“Ванчо Михајлов” и “Цар Борис 3” под лупа на обвинителството