Темен режим Режим на светлина

Од денеска до петок портокалова фаза, разладување во сабота

За денеска не се најавени дождови и невреме, во ниту еден дел од земјата. Според метеоролозите, ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје се очекува сончево и топло време, со мала локална облачност и максимална температура од 34 степени.

Следува дводневен период на сончево и многу топло време со пораст на температурите на воздухот. Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурите во повеќето места ќе бидат над 35°С, а во југоисточните подрачја и над 40°С. Од петок од крајот на денот, се очекува да почне нестабилност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
(Видео) Во книгите е богатството, колку македонските граѓани се богати?

„Поетска ноќ во Велестово“ од 19 до 21 август во Охрид

Следна објава

Македонската армија слави 30 години