Маричиќ: Не мора да се брза со собраниска седница за промена на Уставот, рано е

Не мора да се брза со свикување на собраниска седница за менување на Уставот заради вметнување на Бугарите во него, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Процедурата за уставни измени ќе почнела во некоја понатамошна фаза. Сега скринингот ни давал доволно време да ги изведеме уставните измени, нагласува тој.

– Сите опции се на располагање. Ние како Влада ќе понудиме платформа за поддршка на европските интеграции и сигурен сум дека ќе има можност таа платформа да ја подржат широк консензус на пратеници во Собранието, рече Маричиќ.

Претходна вестПотпретседателот на Алијанса на Албанците бара формирање техничка влада
Следна вестНа Маричиќ не му било пријатно кога чул како се исвиркува македонскиот јазик