Двајца починати и 521 нови случаи на ковид 19 се регистрирани последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 1.231 тестови, а регистрирани се 120 реинфекции.
Починатите се од Скопје и Струга, едниот на 48, а другиот на 78 години.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (78г) и Струга(48г). Двете лица се починати во болнички услови.