Залутан куршум погодил момче на 28 години, во Кондово. Детали за тоа како се случил инцидентот нема.
-Вчера во 22 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 септември“ беше пријавено дека со повреда бил донесен 28-годишниот А.Р. од село Кондово, кој бил повреден од залутано зрно, информираат од МВР.
Полициски службеници преземаат мерки за расчистување на случајот.