Сакале да се офајдат со продажба на 7000 кг цвет од канабис, завршја со кривични пријави

Кривични пријави за криумчарење и неовластено пуштање во промет на 7000 килограми канабис се поднесени против едно правно и четири физички лица.

-Имено, на ден 11.08.2022 година во Царинската испостава Гевгелија, при извршена дополнителна контрола при увоз, oд страна на инспекторите од Одделението за истраги од Царинската управа, констатирано е дека станува збор за дробена, сецкана тревкаста материја, за која по направен тест е утврдено присуство на психоактивна компонента која влегува во составот на растението канабис, иформираат надлежните.

 

По заплената, робата била испратена на испитување.

 

 

– Царинската управа достави примерок од растителната материја до Министерството за внатрешни работи за вештачење, со што се потврди дека  растителниот материјал преставува: исушени и иситнети врвни делови-вршунки од листови и цвет кои потекнуваат од растението канабис, објаснуваат од таму.

Постапката продолжува со расветлување на случајот. Инаку 7000 килограми цвет од канабис на нелегалниот пазар би достигнал вредност од над 20 милиони евра.

 

Претходна вестРусковска поднесе жалба до Советот, побара од новинарите да истражат кој стои зад нејзиното суспендирање
Следна вестДодека македонската молчи, бугарската влада ги зголемува паричните средства за здруженијата во соседството