Беса со 12 мандати во Советот на Тетово, ДУИ со 11, ВМРО-ДПМНЕ со 4, СДСМ со двајца советници

Објавени се првичните резултати на Државната изборна комисија за одржаните избори за членови на Советот на Општина Тетово. Според нив најмногу мандати ќе има Движењето Беса на актуелниот градоначалник Биљал Касами кое освои 12 советници.

Следува ДУИ со 11 мандати, ВМРО-ДПМНЕ ќе има 4 советници, а СДСМ во советот ќе го застапуваат 2 советника. Во општинскиот Совет влегуваат и Алтернатива и ДПА со по еден советник.

Најмногу гласови има освоено БЕСА, 9.620 гласа, по што следуваат ДУИ со освоени 8.702 гласа, ВМРО-ДПМНЕ со освоени 3.332 гласа, СДСМ со освоени 1.953 гласа. Уште две партии на Албанците влегуваат во Советот – Алтернатива со 1.118 гласа и ДПА со 1058 гласа.

Уште синоќа претседателот на БЕСА побара предвремени парламентарни избори.

-За краток период двапати ја добивме ДУИ, секако дека легитимитетот на Албанците во Македонија, кој потекнува од тука, покажува дека веќе не е кај ДУИ. Ние од плоштадот во Тетово бараме предвремени избори, рече Касами.

Инаку, на гласањето за Советот на Тетово излезноста била 35,31 отсто и имало 651 неважечко ливче.

 

Претходна вестПроменливо облачно, попладне пороен дожд и грмежи
Следна вестЌе игнорира ли комисистот Ѓоргиев 12 членови на МАНУ?