Темен режим Режим на светлина

Променливо облачно, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денес променливо облачно со силен северен ветер Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

По вчерашното краткотрајно невреме во попладневните часови во Скопје метеоролозите за денеска предвидуваат променливо облачно, а попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 28 степени.

Слишно време се предвидува и во останатите делови од Македонија. Прoменливо облачно и нестабилно, особено во попладневните часови на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 5.

И во следните денови подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, што ќе услови променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално, претежно во попладневните часови, ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Невреме во делови од Скопје: Во Козле ветерот собори лимен кров на зграда, оштетени се возила

Следна објава

Беса со 12 мандати во Советот на Тетово, ДУИ со 11, ВМРО-ДПМНЕ со 4, СДСМ со двајца советници