Невреме во делови од Скопје: Во Козле ветерот собори лимен кров на зграда, оштетени се возила

Силно невреме во делови од Скопје. Тешките облаци што цел ден се „врткаа“ над главниот град околу 15:50 часот истурија краткотраен но пороен дожд во повеќе делови од градот. На некои места сето тоа беше пропратено и со силен ветер и грмотевици.

Според првичните увиди од теренот, невремето како да било најсилно на територијата на општина Карпош. Силниот ветер дури откорнал и летнал лимен кров од зграда во населбата Козле. При тоа се уништени – оштетени неколку паркирани возила. Засега нема сознанија дали при тоа некој се здобил со повреда.

Ветерот предизвикал и падoви на дрва во други делови на Карпош и Центар. Во Центар паднала и помала кровна конструкција од зграда.

Инаку, според последните информации на Центарот за управување со кризи, силна нестабилност ги зафатила и Пелагонија, Велес, Росоман и Градско.

Претходна вестЗагина жена во Кичево, ја прегази 20-годишник со возило
Следна вестПроменливо облачно, попладне пороен дожд и грмежи