Загина жена во Кичево, ја прегази 20-годишник со возило

Прегазена жена на улица во Кичево. Имено, седумдесет и деветгодишна жена загина на лице место на улицата Кузман Јосифоски-Питу кога во неа удри автомобил.

-На 19.08.2022 во 18.15 часот било пријавено дека во Кичево на ул.“Кузман Јосифоски-Питу“ патничко моторно возило ‘Туран’ со кичевски регистарски ознаки управувано од М.С.(20) од Кичево удрило во Д.Ц.(79) од Кичево, а потоа во паркирано патничко моторно возило ‘Ади’ со кичевски регистарски ознаки паркирано од П.З.(27) од Кичево, соопшти МВР,

Во несреќата на местото на настанот починала жената, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Претходна вестКому му нема спас, на 100 македонски научници или на Пендаровски?
Следна вестНевреме во делови од Скопје: Во Козле ветерот собори лимен кров на зграда, оштетени се возила