Зошто стана „нормална“ појава да се вози без возачка дозвола во Скопје? Прашањето се наметнува ако само се погледнат дневните билтени од МВР за изрешените казни во главниот град на Македонија. Секојдневно има повеќе лица кои се казнети по тој основ.
Еве и вчера на територија на Град Скопје се изречени дури 46 мерки за возење без возачка дозвола. Тоа е бројка која покажува дека појавата на возење без возачка е голема. Бројката покажува и дека полицијата прави нешто работите да се воведат во ред, но дали е тоа доволно? Дали овој проблем не треба да се решава посериозно и преку други институции?
На прашањава треба брзо да се даде одговор. Во спротивно да не стане возачката дозвола реткост меѓу возачите во Скопје. Многу скопјани „забораават“ дека треба да полагаат, некој треба да ги потсети.
Инаку, вчера биле казнети и 76 возачи за пребрзо возење, а 20 лица за возење под дејство на алкохол.