Слично време како и викендот што измина не очекува и денеска. Предвидувањата се дека ќе остане сончево и променливо облачно , а во попладневните часови се очекува промена.
Според метеоролозите тоа ќе значи пороен дожд и грмежи на повеќе места во државата, некаде се очекува дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
УВ индексот ќе изнесува 6, а температурата на територија на целата држава ќе се движи околу 33 степени.